Музеј галеријата Кавадарци со изложба на уметнички дела од познати автори го одбележува Меѓународниот ден на музеите – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Музеј галеријата Кавадарци со изложба на уметнички дела од познати автори го одбележува Меѓународниот ден на музеите

Музеј галеријата Кавадарци со изложба на уметнички дела од познати автори го одбележува 18 мај – Меѓународниот ден на музеите.

Со различни манифестации и активности се одбележува Меѓународниот ден на музеите 18 мај,каде Кавадарци традиционално се вклучува во оваа прослава. По тој повод,дела од бројни уметници во земјава се изложени во музеј галеријата .Љубителите на уметноста можат да видат слики направени во разни техники,масло на платно, графики, акварели, а има и скулптури  и резби од познати автори, од збирката на Музејот.

„Целта на манифестацијата е промоција на културата во нашиот секојдневен живот“, рече в.д.директорката Весна Ѓорѓиева.

Од богатото депо, Музејот понуди импозантна збирка на уникатни дела од Шемов, Мазев,Чемерски, Галапчев, Баснарков, Јусифови, Темкова, Белогаски, Соколов  и други уметници.

Овој настан за првпат се слави во 1978 година, насекаде во светот на овој ден вработените во Музеи и галерии го слават овој професионален празник со бројни културни настани. Во иницијативата се вклучени над 35 илјади музеи во повеќе од 145 земји низ целиот свет, а секоја година манифестацијата има ново мото.

 

Билјана Тошевски

Би те интересирало и

„Турандот“ на Мајските оперски вечери

Првенката на Операта Весна Ѓиновска-Илкова ќе настапи во насловната улога на „Турандот“ која вечер од ...

Мултимедијална изложба на Гордана Винчиќ

„Лего со моето его“  е насловот на изложбата на Гордана Винчиќ, која вечерва од 20 ...