Мурињо бесен на ФА за закажаниот натпревар со Челзи

Менаџерот на Манчестер јунајтед, Жозе Мурињо е бесен на одлуката на Фудбалската Асоцијација да го закаже дуелот со Челси во ФА Купот за понеделник 13. март.

„Црвените Ѓаволи“ се борат на четири фроната па имаат прилично густ распоред. Денеска беше објавено дека дуелот против Челси во ФА Купот е закажан за понеделник 13. март, односно помеѓу два настапи на Манчестер јунајтед во Лига Европа. Жозе Мурињо е бесен на ФА за ваквата одлука, особено што се уште не е направена ждрепката за осминафиналето во најмасовното европско натпреварување.

„Прилично сум изненаден што одлуката е донесена пред ждрепката за Лига Европа” – вели „Специјалниот“.

„Бидејќи во овој момент никој не знае каде ќе се игра првиот натпревар, каде ќе се игра вториот натпревар, кој против кого ќе игра”.

„Замислете да треба да играме против Челси во понеделник и потоа да патуваме на реванш во Русија, Турција или Грција”.

„Па мислам дека уште еднаш интересот на телевизиските куќи е ставен пред интересот на англискиот фудбал, и никој не се грижи за ова”.

Манчестер Сити минатата сезона се најде во слична ситуација, и тогаш „Граѓаните“ во знак на протест решија да играат со втор тим. Сепак, Жозе Мурињо нема да го копира градскиот ривал.

„Не можам да играм против Челси со втор тим, не можам да го копирам Манчестер Сити”.

„Ние сме Манчестер јунајтед, не можеме да играме со втор тим”.

Преземено од: 24 Фудбал

Додади коментар

Би те интересирало и

(Видео) Гол за паметење на Реал: 44 додавања, 107 секунди и сите 11 играчи вклучени во иста акција!

Реал Мадрид на импресивен начин ја стартуваше новата сезона во Ла Лига, но она што ...

(Видео) Конечно воздишки на „Камп Ноу“: Семедо со страшен трик ја фрли публиката во делириум, искусниот Хоакин не знаеше каде е топката

Нелсон Семедо допрва ќе треба да покаже за каков калибар на фудбалер станува збор, но ...

Close