Мурињо ги налути сите во Манчестер

murinjo-so-makabi-615x400

Манчестер Јунајтед дури ни со Жозе Мурињо како тренер, не успеа да се врати на победничките патеки и да биде во трка за трофејот во Премиерлигата. По само 15 одиграни кола, „црвените ѓаволи“ заостануваат дури 13 бода зад лидерот Челзи.

Португалскито стратег се обидува на секој можен начин да го врати победничкиот дух на тимот, но засега е неуспешен. Затоа тој реши да вметне и казнени методи. Стратегот закажа тренинг, точно на Божиќ. Сепак ова не е казна само за играчите, туку и за останати вработени во клубот.

„Сите се на крајот на нервите. Вакво нешто никој досега нема доживеано, дури и во времето на Сер Алекс Фергусон. По тој тренинг, многу луѓе ќе треба да останат да работат на стадионот, за да го корегираат теренот, бидејќи веќе следниот ден ќе има меч. Мурињо и официјално го укина Божиќ“, открива човек кој е близок до клубот.

Колку за споредба, претходникот на Мурињо, Луи ван Гал, две години по ред даваше слободен ден на сите кога се работеше за Божиќ. Ваквиот потег на Холанѓанецот немаше некој позитивен ефект, бидејќи Манчестер и во претходните две сезони играше слабо.

Додади коментар

Би те интересирало и

Роналдо постави рекорд што тешко некој може да го урне

Кристијано Роналдо додаде уште едно фантастично достигнување во својата богата ризница. Во 2.коло од Купот ...

Блатер: Собирачот на пари Федерер е недопирлив

Изминатите неколку месеци во Шпанија се „крена прашина“, бидејќи големи фудбалски ѕвезди се обвинети за ...

Close