Мурињо го продолжи договорот со Јунајтед – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Мурињо го продолжи договорот со Јунајтед

Од раководството на „Црвените Ѓаволи“ потврдија дека 54-годишниот Португалец го продолжил договорот со клубот.

Со новиот договор, Жозе Мурињо ќе остане на „Олд Трафорд“ најмалку до 2020-та година, а потпретседателот на клубот, Ед Вудвард ја потврди оваа информација за официјалната интернет страница на клубот.

„Пресреќен сум што Жозе се согласи да потпише нов договор и тој во клубот ќе остане до 2020-та година. Неговиот пристап и професионализам се неверојатни. Тој му даде дополнителна енергија на клубот и уверен сум дека во иднина екипата со него на чело ќе оствари големи резултати“, изјави Вудвард.

Мурињо се пресели во таборот на Манчестер Јунајтед во 2016-та година, а досега со екипата од „Олд Трафорд“ има освоено три титули – Лига Куп, Комјунити Шилд и Лига Европа.

Преземено од: Точка

Би те интересирало и

Конте: За две недели ќе се знае дали го напуштам Челзи

Менаџерот на Челси, Антонио Конте ќе го почека крајот на сезоната, за да ја објави ...

Алекс Фергусон се разбуди од кома

Сер Алекс Фергусон се разбудил од кома и почнал да разговара со семејството – пренесе ...