Мурињо: Погба беше многу добар – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Мурињо: Погба беше многу добар

Тренерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо, по натпреварот со Бурнемут (2:0), го пофали играчот од средниот ред Пол Погба.

Претходно беше објавено дека постои напнатост меѓу нив, а по излегувањето од игра Французинот не се поздрави со тренерот.

– Не сакам да издвојам одреден играч во натпреварот, не сум обожавател на такви работи, но морам да кажам дека Погба одигра многу добро. Против Манчестер Сити тој дејствуваше феноменално, но денес беше многу, многу добар, рече Мурињо.

Медиумите во Англија претходно шпекулираа дека Погба идната сезона нема да биде дел од Јунајтед и дека Мурињо го ставил на трансфер листата.

Извор: МИА

Би те интересирало и

Конте: За две недели ќе се знае дали го напуштам Челзи

Менаџерот на Челси, Антонио Конте ќе го почека крајот на сезоната, за да ја објави ...

Алекс Фергусон се разбуди од кома

Сер Алекс Фергусон се разбудил од кома и почнал да разговара со семејството – пренесе ...