Навивачи на Наполи молат роднини да станат членови на Реал Мадрид

Навивачите на Наполи смислија оригинален начин како да стигнат до што е можно поголем број на влезници за дуелот против Реал Мадрид, кој се игра следната недела на „Сантијаго Бернабеу“, во рамките од осминафиналето во Лигата на шампионите.

Според најавите, италијанските навивачи добиле околу 4.000 влезници, иако за на пат во Мадрид се подготвени да заминат дури 10.000 фанови на тимот од Неапол.

Како полесно би стигнале до влезници, италијанските навивачи контактираат со свои роднини и пријатели кои живеат во Шпанија и побарале од нив да станат членови на навивачкиот клуб на Реал Мадрид. На тој начин, тие ќе добијат предност во добивањето на влезници за дуелот со Наполи.

Членската карта на Реал Мадрид чини 30 евра, додека билет за средбата против калчолигашот се продава од 70 до 400 евра. Голем дел од навивачите велат дека се подготвени да платат и многу повисоки суми за влезница, на „црниот пазар“.

СпортМедиа

Би те интересирало и

Фудбалерите на Реал ќе добијат „тешка“ премија ако го освојат клупското СП

Реал Мадрид и Гремио денеска играат за светскиот трон, а покрај престижот и титулата, на ...

Арсенал се „извлече“ на „Сент Мери“, Жиру донесе бод во 88. минута

Арсенал беше на прагот на пораз на „Сент Мери“, но во финишот од средбата гол ...