Навики кои создаваат незадоволство, ослободете се од нив – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Навики кои создаваат незадоволство, ослободете се од нив

Обвинувањето на другите, фанатичната желба за контрола, фалењето и животот во минатото се рецепти за незадоволство на работа и во животот воопшто, а тие навики треба да ги отстраните.

Фалењето и критикувањето не се патот до среќата

Можеби сте образовани, искусни и вешти во својата работа, но тоа не значи дека постојано треба да им префрлате на другите, а уште помалку дека можете да си дозволите да ги критикувате поради нивните мани. Важно е да ги цените различностите, бидејќи така ќе имате подобри односи и ќе се чувствувате посреќно.

Не се замарајте со мислата „што би се случило ако…“

Откако ќе одлучите нешто или ќе обавите некоја работа или ќе погрешите во нешто, соочете се со ситуацијата и извлечете поука од тоа искуство. Тогаш престанете да размислувате за тоа. Ако се нервирате поради поранешните грешки, ќе бидете осудени на вечно незадоволство.

Не се обидувајте да ги импресионирате другите

Нов автомобил, убав стан, звучна титула и импресивни постигнувања…. иако е добро да ги имате, тоа сепак не се работи поради кои другите треба да ве сакаат. Не ги истакнувајте толку гласно. Не се фалете со нив, така ќе бидете уште повеќе ценети.

Извор: Денар

Би те интересирало и

По 35 години забрана, ќе има кино проекции во Саудиска Арабија

По 35 години забрана на кината, во Саудиска Арабија започнаа проекции на анимирани филмови. Првите постојани кино-сали ...

Евровизија годинава ќе ја водат само жени

Организаторите на Изборот за песна на Евровизија соопштија дека на манифестацијата што годинава ќе се ...