Навредливи графити напишани на улицaта на пратеникот, Максим Димитриевски

Непознати сторители ноќеска на улицата „Ристовац“ ,  каде што живее пратеникот од СДСМ, Максим Димитриевски пред семејниот дом,  со спреј испишале графити со навредливи содржини кон пратеникот.

-Максо предавник, Максо албански слуга, Максо дали Куманово заслужи двојазичност, Максо гробар на Македонија- со спреј е напишано на асфалтот на улицата „Ристовац“.

Случајот е пријавен во полиција, а Димитриевски на социјалните мрежи напиша:
„Лично го прашувам тој изманипулираниот што го напиша ова пред мојот дом – Дали воопшто ме познаваш барем малку човеку?
Очајнички се вашите обиди за манипулација со јавноста“.

Димитриевски најави дека со повеќе информации ќе излезе во текот на денот.

 

 

 

 

Би те интересирало и

Невладините се’ уште немаат официјален одговор за завршницата на истрагите за нивната работа

Дваесетината невладини организации чија работа беше предмет на истрага, се’ уште немаат официјални информации за ...

Македонец од Мелбурн потрошил 300.000 долари од донации на алкохол и на гаќи

Пензионерот Борис Трајков (76), поранешен новинар во македонската редакција на австралиското државно радио за националностите ...