Награда за филмот „Доме сладок доме“ на SEE фестивалот во Берлин

Филмот „Доме сладок доме“, македонско-косовската копродукција, е добитник на наградата за најдобар филм од интернационалното младинско жири на третото издание на Фестивалот на кинематографиите на Југоисточна Европа SEE a Berlin 2017, што заврши синоќа во Берлин.

Интернационалното жири за најдобар филм го прогласи „Убијци на тркала“ од Унгарија, наградата за најдобра женска улога ја додели на Наташа Дорчиќ од Храватска за улогата во филмот „Ти ме носиш“, за најдобра машка улога на Донат Ќосја од Косово за улогата во „Доме сладок доме“, а за најдобра режија на Бујар Алимани од Албанија за филмот „Хром“.

Наградите на интернационалното  младинско жири за најдобар актер и актерка  ги добија Горан Хајдуковиќ и Лана Бариќ од хрватскиот филм „Ти ме носиш“, а за најдобра режија Бујар Алимани за филмот „Хром“.

Фестивалот продолжува во Париз на 31 мај кога ќе започне седмото издание на SEE a Paris 2017.

Извор: МИА17

Додади коментар

Би те интересирало и

„Златна петорка“ премиерно во Њу Џерси, а во Мумбај прогласен за најдобар странски филм

Филмот „Златна петорка“ на режисерот Горан Тренчовски ја имаше својата американска премиера на Интернационалниот филмски ...

Почна 38. издание на фестивалот на филмска камера „Браќа Манаки“

Под мотото „Допри ја светлината“ и со македонската премиера на краткиот филм „Крајот на времето“ ...

Close