Надал бара 100.000 евра од поранешната француска министерка

Рафаел Надал бара отштета од 100.000 евра од поранешната француска министерка за спорт Роселин Башело, откако таа го обвини дека тој прикрива позитивен допинг-тест.

Башело, која беше министерка за спорт на Франција од 2007 до 2010, во март 2016 година во интервју на француска ТВ го обвини Надал дека глумел повреда во 2012 година, кога ги пропушти последните шест месеци од сезоната поради повреда на коленото, за да прикрие позитивен допинг-тест.

Адвокатот на Надал, Патрик Масонев, пред францускиот суд изјави дека обвинувањата можат да имаат „големи последици“ околу спонзорските договори на тенисерот,  давајќи го како документ медицинскиот картон на Шпанецот во кој е забележана сериозната повреда на левото колено.

16-кратниот гренд слем шампион никогаш не паднал на допинг-тест и постојано ги отфрла обвинувањата, и по обвинувањата од Башело објасни зошто решил да бара отштета.

„Уморен сум од овие работи. Во минатото неколку пати оставив тоа да пројде така, но нема повеќе. Очекував повеќе од човек кој бил министер на голема земја како Франција. Ако некој таков може да кажува глупави работи, тогаш ќе треба да ги докаже на суд“, изјави тогаш Надал.

Извор: Макфакс

Би те интересирало и

Пад на ранкингот на македонските тенисери: Јотовски за четири, Ѓорческа за 27 места

Најдобрите македонски тенисери, Томислав Јотовски и Лина Ѓорческа бележат пад на новите ранг листи објавени ...

Титула број 94 за Роџер Федерер

Во нивниот четврти меч во 2017 и 38. во кариерата Роџер Федерер по петтипат едноподруго ...