Надал преку Изнер до полу-финалето во Пекинг

Рафаел Надал избори пласман во полу-финалето на АТП турнирот во Пекинг. Шпанецот во четврт-финалето, во два сета (6:4, 7:6) го победи Американецот Џон Изнер.

Првиот светски рекет, во првиот сет ја искористи првата брејк топка во деветтиот гем, а потоа следуваше сервис гем во кој го птврди брејкот и со кој го освои првиот сет.

Во вториот сет двајцата беа сигурни во своите сервис гемови, а Надал во вториот гем спаси две брејк топки.

Во тај-брејкот Надал ја покажа класата, освојувајќи ја тринаесетата игра без загубен поен.

Противник на Надал во полу-финалето ќе му биде Бугаринот Григор Димитров кој во три сета (7:6, 4:6, 6:2) го победи Роберто Баутиста-Агут.

Извор: Макфакс

Би те интересирало и

Пад на ранкингот на македонските тенисери: Јотовски за четири, Ѓорческа за 27 места

Најдобрите македонски тенисери, Томислав Јотовски и Лина Ѓорческа бележат пад на новите ранг листи објавени ...

Титула број 94 за Роџер Федерер

Во нивниот четврти меч во 2017 и 38. во кариерата Роџер Федерер по петтипат едноподруго ...