Надлежните апелираат: Да не се шират дезинформации за ситуацијата во Охрид – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Надлежните апелираат: Да не се шират дезинформации за ситуацијата во Охрид

Охриѓани и денеска живеат во страв. Поради ширење дезинформации за наводно поголем земјотрес во 14 часот некои банки, приватни компании ги затворија своите врати, а граѓани и вработени по институции излегоа на улица. Сепак, од Центарот за управување со кризи велат дека не треба да се шират непотребни дезинформации.

И од полицијата во Охрид  велат дека немаат упатено насоки и препораки до граѓаните за напуштање на нивните домови и работни простории ниту пак преземаат какви било мерки за евакуација на институции и граѓани.

-Замолуваме да не се шират такви лажни и други, за овој момент, крајно несоодветни информации, повикуваме на смиреност а со граѓаните ги споделуваме советите и препораките  на стручњаците од Институтот за земјотресно инжинерство од Скопје (ИЗИС) и на Сеизмолошката опсерваторија при Природно математичкиот факултет во Скопје дека нема простор за паника и дека не се очекуваат земјотреси со поголема јачина, освен афтершокови кои можат да потраат извесен период како и нивното дополнувње дека сепак земјотресите се уште не можат да се предвидат – истакнуваат од полицијата,

Од СВР Охрид нагласуваат дека заедно со другите институции позитивно, конструктивно, целосно и транспарентно делува во интерес на граѓаните, службата е комплетно посветена на справување со вознемиреноста и другите последици од зачестените земјотреси.  Повикуваме на смиреност, да не се шири паника и да се почитуваат дадените препораки од Кризниот штаб како и од Црвен крст за постапување во случај на земјотрес. За било какви информации граѓаните може да се обратат на телефонските броеви на Центарот за управување со кризи 195 и полиција 192.

Би те интересирало и

Сообраќајот затворен од Пршовце до Јегуновце, а по една коловозна лента од Прилеп до Прилепско Езеро

Поради изведување градежни работи затворен за сообраќај денеска и утре ќе биде патниот правец Пршовце-Јегуновце. ...

Времето денеска: Сончево и топло, попладне дожд и грмежи

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне облачноста на места ќе ...