Над Европа се појави мистериозен радиоактивен облак

Според известувањето на IRSN, трагови од јод -131 се детектирани во атмосферата над северна Норвешка, Финска, Германија, Полска, Чешка, Франција, и Шпанија.

Детектираното ниво на радијација, наведуваат, денес е во границите на нормалата, но загрижува тоа што сé уште не се знае што го предизвикало неговото зголемување во атмосферата.

Норвешката агенција за заштита од радијација – NRPA, ја потврди лошата вест, но уверува дека за сега нема опасност по човештвото. Експертите се сомневаат дека опасното зрачење најверојатно дошло од фармацевтските погони, пишува Motherboard.

„Со оглед дека во атмосферата е идентификуван само јод-131, без присуство на други радиоактивни состојки, веруваме дека изворот е некаде во фармацевтската индустрија, бидејќи токму таа произведува радиоактивни лекови. Иако е тешко со сигурност да се потврди локацијата на спорниот облак, заради пребрзото менување на насоката на ветровите кои ги носат опасните честици, сепак се сомневаме на источна Европа“, рече Астрид Лиланд од норвешката NRPA.

Дека радијацијата е предизвикана од некоја фармацевтска компанија се сомневаат и во Британското друштво за заштита од радијација – SRP.

Во меѓувреме се проширија и теории дека Русија, во тајност, тестирала некакво нуклеарно оружје на арктичкото подрачје, наводно во Новаја Земља.

Би те интересирало и

Американец и Мексиканка се венчаа на границата (Видео)

Американец и Мексиканка се венчаа на границата помеѓу двете земји, што симболично претставува спротивставување на ...

Турција ги забрани сите ЛГБТ настани во главниот град

Турција ги забрани сите јавни настани кои ги организираат ЛГБТ групите во Анкара, јавува Асошиејтед ...