Над 140 загинати при напад врз воена база во Либија

Најмалку 141 лице загинаа при напад врз либиска воена база во јужниот дел на земјата – соопшти синоќа портпаролот на Вооружените сили на Либија, маршал Халифа Хафтар.

Нападот врз воздухопловната база „Брал ал Шати“, што се наоѓа во пустинскиот регион на 650 километри јужно од Триполи, го извршиле припадници на група Трета сила, кој под своја контрола го држи градот Мисрата во западниот дел на Либија.

Хафтар информира дека најголемиот број од загинатите се припадници на либиската Армија. Тој нагласи дека поголемиот број од убиените војници бил егзекутирани, откако биле заробени од борците на Третата сила. Меѓу убиените има и цивили кои работеле во базата, како и лица кои се нашле во реонот.

Групата Трета сила на почетокот учествуваше во либиската Влада на национално единство, но таа ја прекина соработката со властите откако беше сменет нејзиниот член, министерот за одбрана Ал Махди ал Баргати и беше формирана Анкетна комисија за истрага на злостоствата извршени од нејзините борци.

Додади коментар

Би те интересирало и

20.000 полицајци спроти самитот Г20 во Германија

Германската канцеларка Ангела Меркел ги повика демонстрантите да останат мирни кога ќе присуствуваат на протестите ...

Италија ѝ се заканува на ЕУ дека ќе ги затвори пристаништата поради „презаситеност“

Италија вчера побара од Европската Унија да помогне во прифаќањето на африканските емигранти и ја ...

Close