Над 400 граѓани за два дена побарале помош во Гостиварската болница

Во Гостивар во тек на последните два дена над 400 луѓе побарале помош со стомачни болки, дијареа, но без повраќање – соопштија од Државниот санитарен и здравствен инспекторат.

Според информациите од ДСЗИ во текот на ноќта во Гостиварската болница, лекарска помош побарале уште 60 нови слица со исти симптоми- стомачни болки, дијареа и повраќање

Од епидемиолишките и другите спроведени мерки со сигурност може да се констатира дека не постои поврзаност за конзумирање храна од еден ист објект.

Од Центарот за јавно здравје и ДСЗИ се на терен и ја следат состојбата. Во тек е обработка на податоци по што надлежните институции ќе излезат со соопштение. Од  податоците и формациите кои ќе ги добијат од подрачниот ЦЈЗ, доколку има потреба ДСЗИ ќе издаде решение со конкретни мерки.

Би те интересирало и

Луиза Винтон: Една од три жени изложена на некаква форма на насилство

Една од три жени или девојчиња е изложена на одреден облик на насилство во глобални ...

Револтирани работници реагираа пред капиите на Фени: Сметаат дека им се пласираат лажни информации

Револтирани работници денеска реагираа  пред капиите на Фени дека им се пласираат лажни информации од ...