Над 400 000 Белгијци се платени за да одат на работа со велосипед

cycle-to-work-compressor

Повеќе од 400 000 Белгијци добиваат надомест за користење на нивните велосипеди за да дојдат до работа. Севкупно, околу 93 милиони евра се платени.

Овој надомест го плаќаат нивните компании, кои потоа тие пари ги одбиваат од данокот што треба да го платат. Вработените, пак, може да одбијат купување и одржување на нивните велосипеди.

Минатата година, околу 406 000 Белгијци имале корист од иницијативата, по цена од 93 милиони евра за владата. Во 2011 година, бројот на корисници бил 30 отсто помал и изнесувал 314 000 вработени.

Но, ова не е единствениот финансиски стимул. Велосипедизмот до работа е еден начин да се избегне сериозниот проблем со метежот во Белгија. Велосипедската асоцијација на Белгија започна уште една кампања за возење велосипед до работа.

Велосипедисти патуваат некогаш и поголеми растојанија. Во 2011 година, годишниот просек е 944 километри, минатата година бил 1 045 километри, а просечниот надоместок за километражата е соодветно зголемен од 198 на 230 евра.

Но, износот може да биде многу повисок. Вработен кој живее на 15 километри од своето работно место, каде работи 210 дена во годината и добива максимален надомест од 0,22 евра по километар, ќе добие годишен надомест во износ од 1 386 евра.

Превземено од Радио Моф

Би те интересирало и

Вештачката интелигенција стана дел од новинарството

Вештачката интелигенција веќе влезе во светот на новинарството, а натаму би можела да стане и ...

Десет особини на „убавите“ жени

Жените често запаѓаат во очај поради убавината, држат строги диети и се подложуваат на пластична ...