Над 900 000 демонстранти во Барселона против отцепување на Каталонија

Речиси 950 000 луѓе се собраа денеска во центарот на Барселона на протест против прогласувањето независност на тој регион од Шпанија – соопштија организаторите на протестот.

Многу од нив носат шпански и каталонски знамиња и транспаренти – Каталонија е Шпанија и Заедно сме посилни. Протестите се одржуваат под мотото: Доста е! Да се вразумиме! и ги организира Каталонското цивилно друштво.

„Каталонија и Шпанија се обединети пет векови. Никој и ништо не може да ги раздели“, нагласи нобеловецот за литература Марио Варгас Љоса. Тој изјави дека големиот број денешни демонстранти укажува дека „голем број Каталонци се против независноста, превратот и го поддржуваат Уставот, законите и правната држава“.

Се очекува Љоса (81)  на крајот од протестот да прочита манифест.

Пред една недела во Каталонија се одржа референдум за независност кој шпанскиот суд го прогласи за неуставен. Референдумот го обележа полициско насилство и голем број повредени граѓани и полицајци.

Би те интересирало и

САД предвидуваат Ѕидот на плачот да остане во Израел

САД предвидуваат Ѕидот на плачот во Источен Ерусалим да остане во Израел во согласност со ...

Палестинска ракета наместо во Израел заврши на Газа

Ракета истрелана врз Израел од Појасот Газа погоди станбена зграда во тој палестински регион –  ...