Намалена видливост поради магла на превојот Стража

Намалена видливост поради појава на магла од 80 – 100 метри има на планинскиот превој Стража. На останатите патишта низ државата сообраќајот се одвива тековно по влажни коловози – информира „Македонија пат“.

Во клисурите и усеците можна е појава на помали одрони, особено на патните правци Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.

Од „Македонија пат“ апелираат на внимателно возење и прилагодување на брзината кон условите на патот.

Додади коментар

Би те интересирало и

Денеска се одржува 31 -то издание на Охридскиот пливачки маратон

Денеска во Охрид се одржува 31. Издание на Охридскиот пливачки маратон. Настанот почнува во 12 ...

Половина час мештаните од Порој и Џепчиште го блокираа регионалниот пат Тетово – Јажинце

Половина час мештаниите од Порој и Џепчиште го блокираа регионалниот пат Тетово – Јажинце, револтирани ...

Close