Намалени продажните цени на индустриските производители

Продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се пониски за 0,5 проценти на месечно ниво, односно за 0,8 отсто на годишно ниво – објави Државникот завод за статистика.

Во јануари 2017, во споредба со декември 2016 година, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се пониски во групите Нетрајни производи за широка потрошувачка за 0,9 отсто, Енергија и Трајни производи за широка потрошувачка за 0,3 отсто и Интермедијарни производи, освен енергија за 0,2 отсто.

Во јануари 2017 во споредба со јануари 2016 година, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се пониски во групите Интермедијарни производи, освен енергија за 4,4 отсто, Нетрајни производи за широка потрошувачка за 0,6 отсто и Капитални производи за 0,5 отсто

Додади коментар

Би те интересирало и

Николовски: Наскоро целосно ќе бидат исплатени субвенциите за 2016 година

До крајот на месецов или на почетокот на наредниот месец целосно ќе бидат исплатени субвенциите ...

Царовска: Пензиите нема да се кратат

Кратење на пензиите нема да има – децидна е министерката за труд и социјална политика, ...

Close