Намирници што ја ублажуваат несоницата – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Намирници што ја ублажуваат несоницата

Добро е да се знае дека одредени намирници можат да помогнат за несоницата.

Една од тие намирници е јогуртот, кој содржи триптофан, аминокиселина неоходна за создавање серотин и мелатонин во организмот. Двете сооединенија ја контролираат фазата на лесниот и длабок сон.

Исто така, триптофан содржат и семките од тиква, како и семките од сусам, кои дополнително содржат и магнезиум.

Овој минерал придонесува за здравјето на нервниот систем и ги опушта мускулите.

За избалансиран нервен систем важни се и омега-32 масните киселини, што се наоѓаат во маслиновото масло и морската риба.

Незаситените масни киселини го регулираат расположението, помагаат за смирување и природно го регулираат крвниот притисок.

Имено, за убав и мирен сон добро е да се консумираат билни чаеви како што се маточина и нане.

Извор: Макфакс

Би те интересирало и

Уролог породи жена за време на лет од Париз до Њујорк

Откако екипажот на авионот побарал помош од лекар, Хемал сфатил дека би можел да ѝ ...

Фотографија на денот: Домашното срнче Бамби

Срнчето Бамби расте заедно со уште две кучиња во куќата на Ања Пален и Петер ...