Нападнати новинари затоа што снимиле сообраќајна несреќа (Видео) – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Нападнати новинари затоа што снимиле сообраќајна несреќа (Видео)

novinari-ukraina-650x396

Тројца новинари од Унгарија се повредени откако претходно биле нападнати затоа што снимиле сообраќајна несреќа.

Полицијата притворила тројца осомничени, кои пред локална ТВ станица во Одеса со тупаници и огнено оружје нападнале неколкумина новинари, пишува „Раша Тудеј“.

Во инцидентот биле повредени еден новинар и двајца сниматели на локалната телевизија Канал 7. Наводно, тие биле нападнати откако се обиделе да снимат сообраќајна несреќа што се случила во близина на телевизиската станица.

По снимањето, осомничените наводно со возило стасале до ТВ станицата излегле од возилото и започнале расправија со тројца вработени, испукале неколку истрели од пуша и потоа побегнале.

Целиот инцидент може да се види на видео снимката.

Би те интересирало и

Вулкан избувна во јапонско скијачко одморалиште

Вулкан избувна во ски-центар во Јапонија , северозападно од Токио. Тоа е вулканот Кусацу-Шијаран , сместен на 2.160 метри ...

Илјадници жени протестираа против Донлад Трамп

Голем протест на жените се одржа во Лос Анџелес една година по изборот на Доналд Трамп ...