Нападнат прилепчанец со секира и лопата

Триесетгодишен прилепчанец пријавил дека синоќа околу 23.30 часот бил нападнат од поголема група луѓе пред куќата на неговиот чичко.

Групата со себе носела стапови, секири и лопати, а била предводена од Р.Ј., со кого биле и неговиот брат С.Ј. и соседите А.Н., Е.Н., З.Н., Р.Н. и К.Н. Тие ги нападнале и чичко му С.М. и соседот Б.Ш.

Во нападот со телесни повреди се здобиле Џ.М. и С.М., додека со тешки телесни повреди се здобил Б.Ш.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од НК КР Прилеп. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Би те интересирало и

Еден загинат во сообраќајна несреќа со автобус што патувал кон Македонија

Автобус што патувал од Германија кон Македонија вчеравечер удрил во автомобил во Шлиербах, Австрија. Како ...

Гевгеличанец претепан до смрт по расправија за мобилен телефон

Две лица се уапсени за убиството на 41-годишниот гевгеличанец кој вчера беше пронајден мртов. Според ...