Напаѓачот во Лас Вегас бил милионер кој сакал да се коцка

Напаѓачот од Лас Вегас беше мултимилионер, кој многу пари заработи со вложување во недвижнини, а долги години работеше како сметководител, тврди Ерик, братот на Стивен Педок.

Ерик Педок изјави дека не знае дали неговиот брат имал финансиски потешкотии и покрај тоа што многу пари трошел во казината,

– Одеше на крстарење и се коцкаше, посочи Ерик Педок, додавајќи оти неговиот брат никогаш не бил насилен.

Тој тврди и дека Стивен не бил заинтересиран ниту за религија ниту за политика,

Претходно американските медиуми објавија дека таткото на напаѓачот од Лас Вегас, Стивен Педок бил еден од најбараните криминалци на листата на ФБИ откако побегнал од федералниот затвор во Тексас во 1968 година.

Бенџамин Хоскинс Педок, кој почина во 1998 година, бил ограбувач на банки, кој се обидел со автомобил да прегази агент на ФБИ во Лас Вегас во 1960 година.

Во нападот што се случи за време на фестивалот на кантри музика „Рут 91 харвест“ во Лас Вегас загинаа 58, а повредени се 515 луѓе. Во хотелската соба на 32 кат, од каде пукаше Педлок пронајдени се десетина парчиња оружје.

Полицијата тврди дека Педок немал полициско досие и нема докази за негова поврзаност со исламистичките терористи и покрај тоа што Исламска држава презеде одговорност за масакрот. ИД тврди  дека Педок пред неколку месеци преминал во Ислам.

Полицијата оценува дека се работи за индивидуален напад така наречен „осамен волк“.

Извор: МИА

Би те интересирало и

Американец и Мексиканка се венчаа на границата (Видео)

Американец и Мексиканка се венчаа на границата помеѓу двете земји, што симболично претставува спротивставување на ...

Турција ги забрани сите ЛГБТ настани во главниот град

Турција ги забрани сите јавни настани кои ги организираат ЛГБТ групите во Анкара, јавува Асошиејтед ...