Напиши љубов во 140 карактери – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Напиши љубов во 140 карактери

ljubov na tviter

Здружението на граѓани „ФАД СТОБИ“, како организатор на културната манифестација „Рацинови средби“, објави конкурс „Напиши љубов во 140 карактери“ кој е последниот награден конкурс на поетската манифестација „Рацинови средби“ 2016, наменет за корисниците на социјалната мрежа „Твитер“.

Како што појаснува Васил Зафирчев, директор на ова здружение целта на конкурсот е поттикнување на креативноста, ширењето љубов и промоција и афирмација на љубовната поезија на Рацин на официјалниот твитер профил на манифестацијата @racinovisredbi.

– Бидете креативни, ширете љубови твитајте ги вашите љубовни пораки на македонски јазик, со кирилично и хаштаг #pc, потенцира Зафирчев.

Конкурсот трае до 1 јуни, а за најубавата твитер љубовна порака предвидена е вредна награда која ќе биде доделена на свеченото отворање на „Рациновите средби“ на 9 јуни.

Би те интересирало и

Започна исплатата на социјалната помош, се огласи Министерството за труд и социјална политика

На прашање на „Макфакс“ дали се точни наводите изнесени во јавноста дека доцни исплатата на ...

Ристовски: Поразот го оставаме зад нас, нè чека пеколно тежок натпревар со Чешка

По поразот кој на Европското првенство македонските ракометари го претрпеа од селекцијата на Шпанија, реакциите ...