Напладне нова прес конференција на СЈО

Специјалното јавно обвинителство за денеска во 12 часот закажа нова прес конференција за медиуми. Последната прес-конференција СЈО ја одржа на 18 ноември лани, кога го презентираше случајот „Таргет“.

Токму со овој случај се дозна дека УБК нелегално-без судски налог прислушувала точно 5.817 телефонски броеви во период од 2008 година до 2015 година. За предметите „Тенк“ и „Тарифа“, СЈО не организираше прес конференција, туку за нив информираше преку соопштение за медиуми.

Би те интересирало и

В петок пресуда за Лазаров за „шамарите во Центар“: Груевски не го коментира признанието на вина од неговиот сопартиец

  Преседан се случи на денешното судско рочиште за насилството во општина Центар, кога четвртообвинетиот ...

Владата подготвена да ги избрише глобите за медиумите и да го зголеми буџетот за МРТ

Целта на Владата е да создаде простор и механизми со кои медиумите ќе можат да ...