Направи сам: Прелив за салата „илјада острови“ – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Направи сам: Прелив за салата „илјада острови“

Преливот  за салата „илјада острови“ е исклучително популарен во рестораните.  Доколку можеби ви е еден од омилените, имајте на ум дека имате опција да го направите во домашни услови и тоа без да додавате шеќер, иако станува збор за прилично сладок дресинг.

Потребни состојки:

10 грама кисела павлака (со 12% масленост)

10 грама посен мајонез

10 грама сенф

10 грама кечап

50 грама кисели краставички

Зачини: сол, црн пипер и ѓумбир

Начин на подготовка:

Добро промешајте ги сите наведени состојки во еден сад, а откако смесата ќе стане хомогена значи дека веќе сте го добиле оној популарен вкус. Може да биде прелив врз салата со сезонски зеленчук, а ако се одлучите за јадење на ваква салата после вежбање, додадете и протеини, а може и малку сварени тестенини.

Би те интересирало и

Радио водителка се породи „во живо”

Американската радио водителка, Кесиди Проктор, во својата утринска емисија го пренесуваше своето – породување „во живо“. ...

Склоноста на Џастин Теру кон неверство – можна причина за разводот со Џенифер Анистон

Подолго време медиумите во САД пишуваа дека бракот на Џенифер Анистон и Џастин Теру е во криза, ...