Напуштениот хотел Кристал го прими првиот гостин

Сам, гладен, истоштен и смрзнат своето засолниште во напуштениот хотел Кристал го нашол шеесет и двегодишниот ,Маријан Кузмановски. Тука е еден месец. нема роднини, нема пријатели, нема пари , нема ни работа, а нема ни храна.

Со сопругата не им одел заедничкиот живот па се разделиле пред 30 години. Има три деца и по разводот судот му ги доделил нему. Бил добар родител и имал добра работна позиција во секторот за финасии во чевларскиот гигант Чик, но еден ден се’ почнало да се руши.

Кузмановски како и останатите 900 вработени во Чик ја изгубил работата и бил приморан децата да ги даде на мајка им за да може да работи и да им обебеди пари. Работел во градежништво по Балканот.

Ги изгубил родителите кои живееле во општествен стан, а бидејќи бил невработен му го одземале и станот.

Останал бездомник во своето родено Куманово. На пазар запознал жена од Бугарија и со неа заминал во Бугарија каде што живеел пет години во вонбрачна заедница, но  претсојувал на црно. И наместо три месеци колку што можел да остане , тој останал 18 месеци. Го открила полицијата и на 27 јануари оваа година  го депортирала во Македонија.

Кога пристигнал во родното Куманово нема никој  да му подаде рака, нема дом, а на минусни температури 4 часа, одел, како што вели, таму ваму и решил да влезе во хотел Кристал.

„Најдов соба, кревет, нечисто е, руинирано е, но немам каде. Ја чекам пролета за да почнам некаде да работам и да заработам малку пари за да преживеам да имам да јадам“, вели Марјан.

Тој срамежливо на наше инсистирање упати апел до сите добронамерни граѓани кој сака и може да му помогне.

Ни кажа дека од Црвен крст му дале облека, се радува , вели дека е крводарител 38 пати давал крв. И вели дека ако има можност повторно ќе даде.

Сега најнеопходно е да најде сместување, да има топол дом. Вели дека кој ќе го вдоми ќе има голема корист од него. Бара и работа за да има за леб. Има позитивен дух и вели дека ќе се бори до крај. Иако со кревко здравје сепак вели дека е добро. До сега никогаш не барал помош од никој дури ни од институциите, но сега е приморан и многу му е тешко.

„Јас сум борец , цел живот се борам и уште ќе се борам“ , истоштено зборува гладниот бездомник.

За него сега се грижи младиот Ице, случајно се запознале кога Марјан му побарал 10 денари да си купи леб. Ице  му помага колку може и тој упати апел до сите добронамерни граѓани да помогнат колку можат.

Додади коментар

Би те интересирало и

Формирана Групација на провајдери на дигитални решенија

Групација на провајреди на дигитални решенија е формирана во рамки на Стопанската комора на Македонија. ...

Во Валандово референдум за рудникот Казандол

Во Валандово денеска ќе се одржи референдум на кој жителите на оваа општина треба да ...

Close