Наредба за забрана на носење храна во Општина Струга – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Наредба за забрана на носење храна во Општина Струга

За време на рамазанските пости се забранува носење на храна, пијалаци и пушење цигари во канцелариите на општина Струга. Ваквва наредба или како што тврди Мерко, се појави во зградата на општина Струга на првиот ден од Рамазанските пости.

Сето ова предизвика бројни реакции и негативни коментари на социјалните мрежи ако се знае дека во општина Струга работат и граѓански од православна вероисповест кои не постат.

Некој се поигрува сега со тоа, мисли дека сум вовел драстична забрана. Не е убаво пред колегите кои постат да се јаде и да се пие. Не е тоа за тие кои не се муслимани, туку и за сите и за тие кои се албанци, турци, египќани кои не постат, да не се внесува храна од ресторани и продавници и да не готват во канцелариите сега барем кога е пост. Општината не е ресторан за готвење и јадење. Што се однесува до пушењето тоа е забрането со закон секако и не смее да се пуши во канцелариите./Мики Трајковски

Би те интересирало и

Промовирана Стратегијата за образование: Целосна реформација на образовниот систем до 2025 година

Целосно реформирање на македонскиот образовен систем во следните седум години – ова е целта на ...

25 години ФООМ:Отвореното општество во Македонија исправено пред предизвици кои треба да ги надмине

  Македонското општество од една фаза на децениско перманентно затворање, почнува да се отвора и ...