НАСА го прошири своето семејство со 12 нови астронаути

Американската вселенска агенција НАСА избра 12 нови астронаути во својот најголем конкурс организиран досега – пренесува БТА. Пред година и половина, конкурсот за астронаути беше објавен и на него се пријавија 18.300 луѓе, повеќе од двојно повеќе од 1978, кога имаше 8.000 кандидати. Тогаш, пред четири децении, САД се подготвуваа за лансирање на своите први шатлови.

НАСА досега имаше 44 астронаути. Помеѓу новите 12-мина во тимот, кои се на возраст меѓу 29 и 42 години, има лекар, инженер, пилот, воен офицер… Некои работеле во лаборатории, универзитети, некои биле во подморница, воен брод, пилотска кабина…

Церемонијата се одржа во вселенскиот центар на НАСА во Хјустон, викан „Џонсон”, а новите астронаути беа поздравени од американскиот претседател Доналд Трамп, и од потпретседателот Мајк Пенс.

По двегодишна обука, новајлиите ќе може да бидат дел од некој тим испратен во мисија на Меѓународната вселенска станица (ИСС), а понатаму и да полетаат кон Марс со бродот Орион, но тоа е предвидено да се случи дури во 2030 година.

Додади коментар

Би те интересирало и

Новинарите и понатаму се соочуваа со пречки во однос на слободниот пристап до информации од јавен карактер

Или не добиваат информации, а ако ги добијат чекаат по месец и половина. Со вакви ...

Захариев реагираше по кривичната пријава: Во овие 4 години работев законито и одговорно

Градоначалникот на Штип, Илчо Захариев реагираше по веста дека полицијата му поднела кривична пријава. Тој ...

Close