Населението во Македонија се намалува – на крај нема кој и да работи во државава

makedonski_pasos

Квартален пад на активното население се регистрира веќе четири тромесечија по ред.

„Во првите три месеци понудата на работна сила се намали за 1,4%, што претставува натамошно продлабочување на негативната годишна динамика присутна во претходните три квартали”, пишува во последниот извештај на НБМ.

Во првите три месеци од минатата година вкупното активно население изнесуваше 959.388 лица. Од јануари до март годинава таа бројка падна на 945.821 лице.

Постојаното намалување на бројот на невработени луѓе доведе до тоа невработеноста од 38 отсто во 2006 година сега да биде 24,5 отсто.

Експертите сметаат дека намалување на невработеноста главно се должи на два неекономски фактори. Првиот е иселувањето, особено иселувањето на младите лица, а вториот е што се регистрираа диво вработените. Третиот фактор е економски и се должи на отворените инвестиции во слободните економски зони.

Еден од факторите кои имаат рефлексија на состојбата со намалување на невработеноста е токму одливот на работоспособно население во странство.

“Сметам дека одливот на работоспособно население има удел врз вкупната состојба на пазарот со работна сила, а со тоа и врз стапката на работоспособно население, која е основа за пресметка на вработеноста и невработеноста. Имено доколку стапката на работоспособно население се намалува, тогаш се намалува и основата за пресметка за вредностите за невработеноста и вработеноста“, рече неодамна професорот Ванчо Узунов.

Економскиот аналитичар Бранимир Јовановиќ смета дека главната причина лежи во регистрирање на диво вработените, односно во намалување на стапката на сива економија.

Инаку, најголем број од вработените на црно во изминатиов период ја искористија шансата за вработување преку субвенции од „Македонија вработува“.

Третата причина е економска и таа се должи на странските инвестиции. Иако бројката не е голема, се зборува за околу 13 илјади луѓе, тие сепак се вработени во фабрики од каде земаат плата.

Би те интересирало и

Бугари го купија Фени, сите вработени остануваат на работа

Се надминаа проблемите, сите работници остануваат на работа со статусот што го имаа, а комбинатот ...

Се подготвува петгодишната Национална програма за финансиска поддршка во земјоделството

Во моментов се подготвува петгодишната Национална програма за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој. ...