Настапи на Куманово и Карпош Соколи во регионалната БИБЛ лига

Две екипи македонски претставници во регионалната кошаркарска Балканска лига (БИБЛ) денеска ќе имаат свој настап и тоа пред своите симпатизери.

Во рамките од 3.коло на Д групата, кошаркарите на Куманово го пречекува составот на Пеќ против кој ќе се обидат со победа да го да го осигураат првото место во групата, а со тоа да обезбедат и директен пласман во полуфиналето.

Во Скопје, Карпош Соколи против црногорскиот тим Теодо ќе се обиде да остане во игра за место кое носи пласман во плејофот.

Во пресрет на 3-тото претпоследно коло од втората фаза, Куманово со 7 бодови е водечки тим во Д групата, пред Теодо и Пеќ кои имаат по 6, а Карпош Соколи има 5 бодови.

Вчера во првиот меч од ова коло во Ц групата, Кожув пред својата публика убедливо ја совлада Сутјеска со 94-65, додека во четврток Фени Индустри ќе гостува кај бугарската екипа Берое.

Токму, тимот на Берое е водечки во оваа група со 8 бодови, Кожув и Сутјеска кои имаат по 7 и Фени Индустри со 5 бода.

Би те интересирало и

Нашиот Дејан Недев е светски шампион

Македонија може да се пофали со ново злато во карате, благодарение на успехот на Дејан ...

Маестро Пирло ја заврши кариерата

Легендарниот италијански фудбалер Андреа Пирло изминатата ноќ стави крај на кариерата. Пирло ги одигра последните ...