НАТО побара македонските политичари да се воздржуваат во дејствијата и изјавите

Северно-атлантската алијанса денеска излезе со соопштение по повод последните политички настани во Република Македонија, барајќи одржливо решение за излез од долготрајната политичка криза во земјата – пренесува агенцијата МИА.

Исто како и еврокомесарот, Јоханес Хан во текот на вчерашниот ден, и НАТО бара доделување на мандатот за составување на Влада на лидер на партиите што имаат собрано доволно потписи за состав на нова Влада.

-На самитот во Варшава во јули 2016 година, НАТО ги повика сите политички лидери во БЈР Македонија за целосно спроведување на обврските од договорот од Пржино, како рамка за одржливо решение на политичката криза. Декемвриските избори во 2016 година беа забележани од страна на меѓународните набљудувачи како суштински чекор во решавање на кризата. Тие беа оценети дека се добро организирани и без поголеми инциденти. По еден обид да се формира влада, сега е објавено дека, во согласност со барањата утврдени од страна на претседателот, сега се собрани доволно потписи на пратениците – се наведува во соопштението на НАТО.

Од Северната Алијанса, во овој контекст, посочуваат дека очекуваат од властите во Скопје да го исполнат следниот чекор во демократскиот процес.

-Ги повикуваме сите страни да се воздржат во своите изјави и дејствија и да донесат одлуки за доброто на сите граѓани. НАТО останува посветен на членството на БЈР Македонија во Алијансата, во согласност со одлуката донесена на Самитот во Букурешт во 2008 година и сојузничките изјавите дадени на следните самити на НАТО – се завршува во соопштението на Алијансата.

 

Би те интересирало и

Луиза Винтон: Една од три жени изложена на некаква форма на насилство

Една од три жени или девојчиња е изложена на одреден облик на насилство во глобални ...

Револтирани работници реагираа пред капиите на Фени: Сметаат дека им се пласираат лажни информации

Револтирани работници денеска реагираа  пред капиите на Фени дека им се пласираат лажни информации од ...