Научници добија дозвола да оживуваат мртви луѓе

mbg1

Американски компании добија дозвола да се обидат да ги оживеат луѓето , кои доживеале мозочен удар.Тие ќе ги спроведуваат експериментите низ различни техники, вклучувајќи ласери и третмани со матични клетки.

Првата фаза од тестирањето ќе вклучува 20 субјекти за да се утврди дали покажуваат било какви знаци на регенерација или пресврт на процесот на мозочна смрт – пишува Индепендент.

Истражувачите се надеваат дека ќе успеат да ги одржат во живот мозочно мртвите пациенти така што ќе поттикнат обновување на мозочното ткиво, што моментално не е можно да се изведе.

Кога еднаш мозокот ќе изумре, луѓето повеќе не можат да се вратат во живот, без оглед на тоа што нивното тело и понатаму расте, зараснува, ја вари храната, произедува фекалии и хормони итн. Иако мозокот од човечки вид не се обновува, оваа карактеритика може да се воочи кај некои видови риби и водоземци.

Американските компании „Биокварк“ и „Ревита Лајф Сајнс“ се надеваат дека истиот ефект ќе го произведат и кај луѓето и истакнуваат дека новата техника еден ден би можела да биде од голема корист на заболените од Алцхајмер и Паркинсонова болест. Експериментите ќе бидат вршени во Индија.

Би те интересирало и

ЕП: 10 евра за влез во ЕУ за граѓаните со безвизен режим од 2020 година

Комитетот за граѓански слободи на Европскиот парламент денеска го усвои предлогот на Европската комисија за ...

Пуџдемон до 10 часот мора да одлучи за независноста на Каталонија

Мадрид му даде рок на Пуџдемон до денеска изутрина да даде прецизен одговор дали прогласува независност ...