Национална трагедија во Сомалија

Слики како од воена зона. Нападот во главниот град на Сомалија, Могадишу однесе стотици животи, а десетици згради се разурнати. Сѐ уште никој не ја презел одговорноста за нападот.

Во најкатастрофалниот напад во поновата историја на Сомалија, според наводите на владата загинале најмалку 276 луѓе. Покрај тоа потешко ли полесно се повредени околу 300 луѓе, соопштија денеска властите во Могадишу. Најмалку 111 од загинатите веќе се погребани, по наредба на владата, зашто жртвите не можеле да бидат идентификувани.

Во саботата бомбаш самоубиец во товарно возило се разнесе на една од најфрекфентните крстосници во сомалиската престолнина. Во околината се наоѓаат хотели, продавници, ресторани и владини згради. Во силната експлозија беа оштетени многу објекти а дел од нив и се урнаа.

Спасувачките екипи од под урнатините успеаја да извлечат бројни луѓе. Денеска на улиците на кои и натаму стојат десетици изгорени автомобили и автобуси продолжуваат работите за расчистување на теренот.

Досега никој не ја презеде одговорноста за нападот. Владата меѓутоа за одговорна ја смета терористичката организација Ал-Шабаб. Сунитските фундаменталисти постојано изведуваат напади против цивилите и безбедносните сили . Тие контролираат делови од Сомалија и сакаат од земјата на Рогот на Африка да создадат таканаречена божја држава со стриктно спроведување на исламското право.

22 илјади војници на Африканската унија (АУ) ги поддржуваат сомалиските безбедносни сили во борбата против Ал-Шабаб.

Претседателот на Сомалија Мохамед Абдулахи Мохамед во обраќање на државното радио нападот го нарече национална трагедија.

Меѓународната заедница покажува солидарност кон Сомалија. Турција вчера испрати воен авион со медицинска помош во Могадишу. „Солидарност за Сомалија“ , напиша на Твитер францускиот претседател Емануел Макрон. Тој се заложи за поголема поддршка за АУ во борбата против исламистичките терористички групи. Шпанскиот премиер Маријано Рахој остро го осуди нападот.

Извор: DW

Би те интересирало и

Американец и Мексиканка се венчаа на границата (Видео)

Американец и Мексиканка се венчаа на границата помеѓу двете земји, што симболично претставува спротивставување на ...

Турција ги забрани сите ЛГБТ настани во главниот град

Турција ги забрани сите јавни настани кои ги организираат ЛГБТ групите во Анкара, јавува Асошиејтед ...