Начевски – Николов ќе го судат полуфиналето во ракомет Франција – Шпанија – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Начевски – Николов ќе го судат полуфиналето во ракомет Франција – Шпанија

Македонската судиска двојка Ѓорѓи Начевски и Славе Николов на најдобар можен начин ја претстави Македонија и на ова големо ракометно натпреварување.

Тие ќе го судат денешниот прв полуфинален натпревар на ЕП во Хрватска меѓу Франција и Шпанија, со почеток во 18 часот. Можеби заслужија да бидат дел и од големото финале, но таа среќа овојпат ја имаат Хрватите Матија Губица и Борис Милошевиќ. Со оглед дека првенството се игра во Хрватска, така е тоа во ракометот, домаќинот е секогаш привилегиран…

Вториот полуфинален натпревар меѓу селекциите на Данска и на Шведска ќе го судат Германците Маркус Хелбиг и Ларс Гејпел. Мечот за третото место им припадна на Романците Дин и Дину, а на натпрварот за петто место правдата ќе ја делат Шпанците Ралуху и Саброса.

Преземено од: Екипа

Би те интересирало и

ЛАЗАРОВ: Да ги задржиме високите стандарди на организација на кампот и да ги надоградиме

Стартуваа подготовките за четвртото издание на најдобро организираниот ракометен камп на овие простори, камп на ...

Ѓер прави тим од кој ќе боли глава

Амандин Лејно голманката на ЖРК Вардар, која брани во одлична форма и која е една ...