Најбогатиот фудбалер на светот игра во резервниот состав на Лестер! – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Најбогатиот фудбалер на светот игра во резервниот состав на Лестер!

Дали знаете кој е најбогатиот фудбалер на светот? Не ниту Кристијано Роналдо, ниту Лионел Меси… Станува збор за Фаик Болкија, 19-годишниот играч за врска во вториот состав на Лестер, кој нема којзнае каков договор, но затоа е роден под среќна ѕвезда.

Болкија е внук на Султанот од Брунеи, Хусанал, кому по неговата смрт ќе му припадне богатство вредно 20 милијарди долари! Роден е во Лос Анџелес, веќе подолг период живее во Велика Британија, каде гради фудбалска кариера. Почна да тренира во академијата на Саутемптон, од каде се пресели во Арсенал на проба, а потоа потпиша двегодишен договор со Челси, но по една сезона се обврза на тригодишна верност кон „лисиците“.

Колкаво е всушност богатството најдобро сведочат пишувата на британските медиуми според кои таткото на Фаик за својот 50-ти роденден изградил стадион и го ангажирал Мајкл Џексон да пее за неверојатни 17 милиони долари!

Фаик засега не се избори за место во тимот на Лестер до 23 години, кој во Премиерлига 2 одлично игра, со оглед на тоа дека ја дели втората позиција со врсниците од Арсенал и се зад Ливерпул кој има четири бода повеќе.

Меѓутоа, воопшто не треба да чуди тоа што младиот играч од средниот ред е капитен на репрезентацијата на Брунеи, за која има одиграни смао пет натпревари и забележано еден погодок.

Преземено од: Спорт1.мк

Би те интересирало и

Ренова и Силекс ремизираа без голови во Тетово

Ренова и Силекс одиграа без голови во првиот натпревар од 20. коло во Првата македонска ...

Ѓорѓиоски: Лани остваривме многу, плодовите допрва ќе ги собираме

Фудбалската федерација на Македонија во Скопје го одржа Редовното годишно собрание на кое беа присутни ...