Највозрасната дама на насловната страница на „Вог“ – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Највозрасната дама на насловната страница на „Вог“

Италијанското издание на модната библија „Вог“, лансираше три октомвриски насловни страници со 73 годишната актерка и манекенка Лорен Хатон.

Во таканареченото „безвременско издание“ скоро и да не постои дама која е помлада од 60 години, а ова е всушност порака која сигнализира уште еден чекор повеќе во борбата против предрасудите околу годините во модната индустрија.

 

Она што октомвриското издание на италијанскиот „Вог“ го чини толку посебно не е неговата инклузивна природа. Овој број успеа да го урне рекордот на магазинот кој има историја долга 125 години.

Актерката и модел Лорен Хатон на 73 години и 11 месеци успеа да влезе во историјата како највозрасната дама на насловната страница на „Вог“. Ваквиот рекорд претходно се врзуваше со името на Тина Тарнер, која на насловната страница на германското издание на магазинот се појави кога беше на возраст од 73 години и 4 месеци.

 

Би те интересирало и

Радио водителка се породи „во живо”

Американската радио водителка, Кесиди Проктор, во својата утринска емисија го пренесуваше своето – породување „во живо“. ...

Склоноста на Џастин Теру кон неверство – можна причина за разводот со Џенифер Анистон

Подолго време медиумите во САД пишуваа дека бракот на Џенифер Анистон и Џастин Теру е во криза, ...