Најдобрите германски филмски остварувања и годинава пред штипјани

Фестивалот на новиот германски филм, во Штип ќе го означи почетокот на последната недела од октомври. Имено, штипјани повторно ќе може да уживаат во најновите германски филмски остварувања, во рамките на овој Фестивал кој Универзитетот „Гоце Делчев“ го организира заедно со Амбасадата на Сојузна Република Германија во Р Mакедонија.

Годинава, Неделата на новиот германски филм во Штип ќе се одржува од 23 до 27 октомври, со проекции во Мултимедијалниот центар на УГД (Економски факултет).

На програмата се следните филмови: „Чик“ (комедија/драма), „Тони Ердман“ (трагикомедија), „Херберт“ (драма), „24 недели“ (драма), „Авантурата на Нели“ (детски филм) и „На иста висина“ (филм за деца и младинци).

Би те интересирало и

Македонците се најрелигиозен народ на Балканот

Со 88 проценти, Македонците се најрелигиозен народ на Балканот. Ова го покажуваат податоците од студија ...

Во Тетово се одржа традиционалната манифестација Етно Вешта Жена 2017 година

Во Тетово се одржа традиционалната манифестација Етно Вешта Жена 2017 година. За прв пат во ...