Најдоброто лево крило од последната Олимпијада доаѓа во Скопје

Триесетгодишната руска репрезентативка, Полина Кузнецова ќе биде нов играч на Вардар на позицијата лево крило во следните две сезони. Кузнецова играше во екипата на Краснодар, Русија, но и заврши договорот и во Скопје доаѓа како слободен играч, информира македонскиот шампион.

Во својата играчка кариера Кузнецова има настапувано за екипите на Волгоград, Лада Толјати, Звезда Звенигород, Астраханочка и Краснодар. Со екипата на Лaда беше првак на Русија во сезоните 2005 и 2006, а како дел на Звезда Звенигород го освои Купот на Русија во 2009, 2010, 2011 и 2014. Зад себе има и триумфи во ЕХФ купот во 2007 и лигата на шампионите во 2008 година, повторно со Звезда Звенигород. Со тимот на Астраханочка беше првак на Русија во 2016 година.

– Среќни сме што вака добра ракометарка од светска класа реши својата кариера да ја продолжи во Вардар. Со Кузнецова повторно ќе имаме брзо и „убиствено” крило, и верувам ќе ги постигнеме заедно резултатите што ги посакуваме, изјави Давор Стојаноски, извршниот директор на Вардар.

Кузнецова на последните Летни Олимписки игри во Рио беше прогласена за најдобро лево крило на турнирот. Два пати беше во изборот меѓу најдобрите играчи на СП 2007 и ЕП 2012 година. Нa ЛОИ во Бразил го освои златниот медал, а вицепрвак на Европа беше во 2006 година.

Додади коментар

Би те интересирало и

Македонија ќе брка бод против Бразил: Шпанците убедливо надмоќни против нашите ракометари

Младинската машка репрезентација на Македонија го забележа вториот пораз по ред во групната фаза на ...

Младите ракометари ја декласираа Буркина Фасо

Младата македонска ракоемтна репрезентација на Македонија ја забележа втората победа на Светското првенство во Алжир. ...

Close