Најмалку две жртви при вчерашните протести во Венецуела

При жестоки судири меѓу демонстрантите и силите за безбедност во Венецуела синоќа загинаа најмалку две лица.  Илјадници Венецуелци, кои протестираат против венецуелскиот претседател Николас Мадуро, вчера одржаа 12-часовен „седечки штрајк против диктатурата“.

Антивладините протести во Каракас поминаа мирно, но во другите градови имаше судири со полицијата. Најжестоки беа судирите во градот Тачира, каде и загинаа двете лица.

При одделни протести во Тачира демонстрантите фрлаа со камења и запалија камиони и неколку згради. При овое инциденти се повредени неколку демонстранти.

Во Карабобо се повредени тројца полицајци, од кои едниот е во критична состојба.

Би те интересирало и

Ердоган до САД: Можеби имате многу оружје и авиони, но тоа не значи дека сте моќни и силни

Одлуката на американскиот претседател од 6 декември со која тој игнорирајќи го меѓународното право го ...

Агент на ФБИ сменет поради порака против Трамп

Агентот на ФБИ, Питер Стрзок кој учевствуваше во истрага за претседателската кампања на Доналд Трамп ...