Најмалку девет загинати во самоубиствен напад во Дамаск

Најмалку девет луѓе загинаа, а 12 се ранети во самоубиствен напад во недела наутро во југоисточниот дел на Дамаск, јави сириската Опсерваторија за човекови права.

„Властите беа во потера по три возила наполнети со експлозив и успеаја да детонираат два на патот кон аеродромот. Третото возило беше опколено на плоштадот ал-Гадир, кога терористот го активираше експлозивот и уби и рани повеќе лица“, соопшти сириската државна телевизија.

Агенцијата Сана ја пренесе изјавата на полицијата, со која е потврдено дека „терористите кренале во воздух три возила“.

Дамаск, во главно, беше поштеден од борбите во војната што започна во 2011 година, но се случуваат самоубиствени напади. /макфакс/

Би те интересирало и

Момче удри во три возила, тројца повредени

Дваесетидвегодишниот Б.Ј. од скопското село Сопиште, управувајќи патничко возило „Пежо 206“, удрил во три паркирани ...

Возач загина во сообраќајка во Кочани

Дваесет и деветгодишниот Н.Н. од Кочани загина во сообраќајна несреќа, која се случила изутринава во ...