Најмалку 12 загинати во автобуска несреќа во Мексико

Најмалку 12 луѓе загинаа, а 30 се повредени кога автобус излета од патот и падна во амбис во планинското подрачје на јужниот дел на Мексико, во близина на границата со Гватемала, објавија во понеделник мексиканските власти.

Несреќата се случила покрај градот Мотозинтла, кога автобусот во кој се наоѓале луѓе што се враќале од духовна обнова во центарот на брегот на Тихиот океан, излетал од патот и паднал во амбис.

Причината за несреќата не е позната.

Извор: Макфакс

Би те интересирало и

САД предвидуваат Ѕидот на плачот да остане во Израел

САД предвидуваат Ѕидот на плачот во Источен Ерусалим да остане во Израел во согласност со ...

Палестинска ракета наместо во Израел заврши на Газа

Ракета истрелана врз Израел од Појасот Газа погоди станбена зграда во тој палестински регион –  ...