Најмалку 17 жртви и 150 исчезнати во пожарите во Калифорнија – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Најмалку 17 жртви и 150 исчезнати во пожарите во Калифорнија

Во пожарите во Калифорнија кои се шират со голема брзина, досега загинаа 17 луѓе, 150 се водат како исчезнати и уништени се околу 1.500 објекти – соопшти денеска државната пожарникарска служба.

Пожарот зафатил повеќе од 46.500 хектари земјиште од неделата кога почна да се шири благодарение на сувото време и силниот ветар.

Повеќе од 90.000 домови и фирми во окрузите Сонома и Напа се без струја, а гас е прекинат за повеќе од 28.000 домови.

Северно од Сан Франциско, огнот целосно уништи куќи во неколку населби.

Десетици илјади луѓе беа приморани на евакуација. Гувернерот на Калифорнија прогласи вонредна состојба во окрузите Напа, Сонома и пет други.

Би те интересирало и

ЗОИ 2018: Канадски олимпиец ја скрши карлицата по тежок пад во ски-крос

Канадскиот скијач, Крис дел Боско се здоби со сериозни повреди и ја скрши карлицата по ...

25 мртви при автобуска несреќа во Перу

Во јужниот дел на перу денеска од патот слета автобус и падна од гребен од ...