Најмалку 20 загинати и над 100 повредени во Лас Вегас

Најмалку 20 загинати и над 100 повредени во синоќешното пукање за време на концерт во Лас Вегас, пренесе Си-ен-ен.

Нападот се случил во близина на казиното „Менделеј беј“ во центарот на Лас Вегас за време на фестивалот „Route91 – Harvest“ кога непознат напаѓач пукал во посетителите на фестивалот на кантри музика.

Очевидци велат дека куршумите биле испалени од повисока хотелска позиција. Според досегашните информации од Метрополитен полицијата во Лас Вегас, еден осомничен за нападот е убиен и се претпоставува дека нема други напаѓачи.

Полицијата исто така соопшти дека се во потрага по жена – Марилоу Данлеи.

Извор: Макфакс

Би те интересирало и

НДМ: Знае ли МВР дека со криење на запленетата дрога во дискотека им прави штета на младите

Народно движење за Македонија преку соопштение испратено до јавноста ги поздрави актуелните акциски контроли на ...

Опожарен угостителски објект во Жеровјане

Опожарен е дел од ноќен клуб лоциран во село Жеровјане. Пожарот избувнал вчера околу 6 ...