Најмалку 23 загинати во автобуска несреќа во Турција

Најмалку 23 луѓе загинаа, а 11 се наоѓаат во критична состојба откако се преврте автобус во западниот дел на Турција, соопштија во сабота турските власти.

Автобусот се превртел на свиок на патот од Измир кон летувалиштето Мармарис, наведоа властите на провинцијата Мугла.

Сите патници во автобусот биле турски државјани.

Засега не се познати причините за несреќата.

Извор: Макфакс

Би те интересирало и

Виница: Вооружени крадци ги затвориле вработените во тоалет и го ограбиле казиното

Двајца маскирани крадци вооружени со пиштоли изутринава околу 6.15 часот го ограбиле казиното на улицата ...

Користејќи туѓ Фејсбук профил зел 600 евра од негови пријатели

Вчера околу 17 часот З.М. (55) од гостиварското село Чајле, пријавил компјутерска измама од засега ...