Најмногу дожд во Куманово, најстудено во Лазарополе

154268_137a48df60ab3bd26600b7476c72c968_large

Најмногу дожд изминатите 24 часа наврна во Куманово, 44 литри на метар квадратен, а најмалку во Прилеп – 3 литри, информираат утрово од УХМР.

Оттаму додаваат дека до осум часот утрово водниот талог достигна 36 литри на метар квадратен во Пожаране, 29 во Пожар и Лазарополе, 26 во Маврово, 25 во Берово, Крива Паланка и Дојран, 21 во Крушево, 20 во Претор и Ѓуриште, 19 во Струмица, 18 во Штип, Гевгелија и Виница, 16 во Охрид, 15 во Скопје Петровец и Тетово, 14 во Битола, 11 во Скопје Зајчев Рид, девет во Демир Капија и осум литри во Тополчани.

Најстудено е во Лазарополе, еден степен, а максимални десет степени се измерени во Штип, Скопје, Струмица, Дојран, Гевгелија и Куманово. Во Тетово е девет степени, во Виница и Демир Капија осум, во Ѓуриште, Крива Паланка и Дебар седум, во Берово, Прилеп и Охрид шест, во Битола, Претор и Охрид, Тополчани и Пожаране пет, во Пожар четири, а во Маврово два степена.

Според УХМР, до крајот на денот врнежите ќе престанат. Ќе дува умерен, долж Повардарието повремено засилен северозападен ветер.

Утре се очекува променливо облачно време со повремен локален дожд и со умерен, долж Повардарието повремено засилен северен ветер. И во наредните денови ќе се задржи променливо облачно и релативно свежо време со повремени врнежи од дожд со послаб интензитет, а ќе има и услови за ретка појава на грмежи. До четврток ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер.

Би те интересирало и

Oрганизирани повеќе хуманитарни настани за лекување на гостиварецот Стрезовски

Професорот по физичка култура, Заке Крајчевски организираше три претстави на Магионачарско шоу во Центарот за ...

Во полошко голем интерес за вакцинација против сезонски грип

Постарата генерација и оваа година традиционално во голем број ги примија првите вакцини на сезонската ...