Најмногу дожд изминатите 24 часа наврна во Дојран

Најмногу дожд во изминатите 24 часа се наврнати во Дојран. УХМР регистрира 88 литри на метар квадратен.

Во Штип се наврнати 31 литар, Струмица и Берово 30, Крушево 28, Крива Паланка 25, Прилеп, Тополчани и Виница 23, Скопје – Петровец 19, Ѓуриште и Охрид 15, Демир Капија и Куманово 14, Битола и Скопје 12, Лазарополе 11, Маврово 10, Дебар девет, Гевгелија осум, Пожаране шест, Тетово пет и Претор четири.

Во раните утрински часови во поголем дел од земјава со врнежи од дожд кои според последните податоци речиси насекаде престанаа, освен во северните делови каде се со слаб до умерен интензитет. На места дува слаб до умерен северозападен ветер.

Утрово најниска температура од 0 степени е измерена во Маврово, 1 во Крушево и Ѓуриште, 2 во Лазарополе, 3 во Крива Паланка, 4 во Пожаране, Куманово и Тополчани, 5 во Виница, Претор, Берово, Штип, Скопје и Прилеп, 6 во Дебар, Битола, Скопје Петровец, Тетово и Охрид, 7 во Демир Капија и Струмица, 8 во Дојран и 10 во Гевгелија.

Би те интересирало и

Невладините се’ уште немаат официјален одговор за завршницата на истрагите за нивната работа

Дваесетината невладини организации чија работа беше предмет на истрага, се’ уште немаат официјални информации за ...

Македонец од Мелбурн потрошил 300.000 долари од донации на алкохол и на гаќи

Пензионерот Борис Трајков (76), поранешен новинар во македонската редакција на австралиското државно радио за националностите ...