На годишно ниво во Скопје од аерозагадување умираат по 1000 лица

Статистиката на Институтот за јавно здравје, говори дека 20 до 30 % од населението во Скопје на годишно ниво, умира од аерозагадување а до 30 % од луѓето се разболуваат од загадениот воздух кој секојдневно го дишат во Македонската метропола.

Ваквите црни бројки беа соопштени на Меѓународната научна конференција за аерозагадувањето, која се одржа во Тетово.

Ана Чоловиќ Лешоска од ЕКО Свест, рече дека ваквите бројки треба да бидат уште поголема причина, надлежните да започнат да преземаат конкретни мерки за намалување на аерозагадувањето.

На конференцијата беше присутен заменик министерот за животна средина Јани Макрадули, кој рече дека владата веќе работи на подготовка на мерки и препораки за намалување на загадениот воздух.

Во најзагадените градови во Македонија, аерозагадувањето во последниве неколку недели, беше поголемо за два до три пати од дозволените граници.

 

Би те интересирало и

НДМ: Знае ли МВР дека со криење на запленетата дрога во дискотека им прави штета на младите

Народно движење за Македонија преку соопштение испратено до јавноста ги поздрави актуелните акциски контроли на ...

Опожарен угостителски објект во Жеровјане

Опожарен е дел од ноќен клуб лоциран во село Жеровјане. Пожарот избувнал вчера околу 6 ...