На граничниот премин Делчево во прекин е сообраќајот за товарни возила – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

На граничниот премин Делчево во прекин е сообраќајот за товарни возила

Утрово на граничниот премин Делчево поради проблем со компјутерски систем на царината, во прекин е сообраќајот за товарни возила за влез и за излез од државата – соопшти АМСМ.

На останатите гранични премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата – информација што се однесува само за македонската страна на премините.

Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози. Интензитетот на патните правци надвор од градските средини е умерен.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.

Би те интересирало и

Иванов во Истанбул ја прими наградата за лидер кој инвестира во новите генерации

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, вчеравечер во Истанбул ја прими наградата за „Најдобар светски ...

УНИЦЕФ: Македонија има втора највисока стапка на смртност кај новороденчињата во Европа

Македонија има втора највисока стапка на смртност кај новороденчињата во Европа. И додека таа е ...