На денешен ден е роден фудбалот

Најпопуларниот спорт во светот, за кој се тврди дека се играл и во древните времиња, официјално заживеа на денешен ден во Шефилд, каде е основан првиот фудбалски клуб во историјата. Се почна со двајца играчи на крикет кои барале замена за својот омилен спорт, со цел да ја одржат физичката форма за време на зимските денови.

Во 1855 година членовите на шефилдскиот крикет клуб ја шутирале топката без какви и да се  правила, а потоа на 24 октомври 1857 година двајцата членови Нетениел Кресвик и Вилијам Прист го основаа фудбалскиот клуб „Шефилд“. Една година подоцна ги донесоа првите клупски, а воедно и првите фудбалски правила воопшто, подоцна наречени шефилдски правила. Новите клубови кои се формирале во околината си развивале сопствени правила, а дури во 1878 година после долга борба, протести и бојкот на натпреварувањата, шефилдските клубови се согласиле да играат според правилата на англискиот фудбалски сојуз, кој бил оформен во меѓувреме.

Првото локално дерби го одиграле во 1860 година против ривалот „Халам“ кој бил основан истата година. „Rules Derby“ се смета за најстаро фудбалско дерби во светот, коe и ден денес се игра.

Кога била основана првата професионална лига, а Aнгличаните почнале да градат професионални тимови, аматерскиот фудбалски клуб „Шефилд“ не можел да се носи со конкуренцијата и со помош на Сојузот го основале првото натпреварување исклучиво за аматерски клубови.

Шефилд денес игра во нижа фудбалска лига, на стадион со 250 места за седење и околу две илјади места за стоење и е во целосна сенка на многу поуспешните „Шефилд Јунајтед“ и „Веднесдеј“. Тие можат да се пофалат дека се единствен клуб, освен „Реал Мадрид“ кој го има добиено најголемото признание од ФИФА (FIFA Order of Merit) за посебен придонес во развојот на фудбалот.

Би те интересирало и

УЕФА ги објави номинациите за тимот на годината

Европската фудбалска унија (УЕФА) на својата официјална интернет-страница го објави списокот на фудбалери што се ...

Тевекио повеќе не е прв човек на италијанскиот фудбал

Карло Тевекио замина од функцијата претседател на Фудбалскиот сојуз на Италија. Тевекио ја напушти функцијата ...